Саб09262020

Последна промена01:24:52 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Сообраќајки во Охрид и Струга, тешко повредени моторциклист и пешак

Сообраќајки во Охрид и Струга, тешко повредени моторциклист и пешак

Сподели

Двајцата биле префрлени во болница.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера во засебни сообраќајни незгоди, едната во Струга а втората во Охрид, две лица се здобиле со тешки телесни повреди. На 08.08.2020 во 10,34 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Мелнички мост се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Фабиа“ со охридски регистарски ознаки управувано од Д.С.(47) од с.Подгорци и мопед „соник“ со струшки регистарски ознаки управуван од 16 годишник од селото Мороишта. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од полициската станица Струга.
Втората сообраќајка се случила вчера во 13,00 часот на регионален пат Охрид-Св. Наум. Притоа, патничко моторно возило “Пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.М.(21) од Скопје удрило во пешакот Д.М.(70) од Скопје. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил пешакот констатирана во болницата “Св.Еразмо“-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK