Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Општината ќе доделува бесплатни курсеви за државна матура

Општината ќе доделува бесплатни курсеви за државна матура

Сподели

КОНКУРС за доделување бесплатни курсеви за државна матура на ученици од четврта година во средните училишта во општина Охрид.

 

КОНКУРС за доделување  бесплатни  курсеви за  државна матура на ученици од четврта година во средните училишта во општина Охрид

Општина Охрид за учебната 2013/2014 година ќе додели 30 (триесет) бесплатни курсеви за  државна матура на ученици од четврта година во средните училишта во општина Охрид

Услови за доделување бесплатни курсеви за државна матура

Право на бесплатен курс за државна матура имаат кандидатите кои учат во општинските средни училишта на подрачјето на општина Охрид, а ги исполнуваат следниве услови:

 да се редовни ученици во IV година  во средните  општински училишта

 да не посетуваат  ист   курс  во друга институција или фирма

 Начин на пријавување

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.ohrid.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:

 потврда дека е редовен ученик ( оригинал);

фотокопии од свидетелствата за  претходните три учебни години

извод  од матична книга на родени; (копија)

потврда за висината на примањата на членовите на семејството на ученикот и тоа: ако се вработени,потврда за висината на платите на членовите на семејството на ученикот; за членовите пензионери на семејството на ученикот -испратница од пензија за последниот месец(оригинал) а за невработените членови на семејството на ученикот- потврда од  Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок; (оригинал)

изјава потпишана од  ученикот (ако е полнолетен) или  од родител/старател( ако ученикот нема наполнато 18 години), дека, доставените документи се вистинити и дека ученикот  не посетува друг исти курс  од друга институција или фирма.

3. Рок на пријавување

Потребните документи кандидатите треба да ги достават  најкасно 5 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: Општина Охрид  ул.,, Димитар Влахов“  бр. 57 – Охрид , во затворен коверт  со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за бесплатни курсеви за државна матура

 

Документите на кандидатите  кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK