Саб09262020

Последна промена01:24:52 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Рекорден број интервенции на Планинската Спасителна Служба во Охрид

Рекорден број интервенции на Планинската Спасителна Служба во Охрид

Сподели

Рекорден број интервенции на Планинската Спасителна Служба во Охрид.

 Пандемијата , која е причина за  зголемено присуство на граѓаните во чистата планинска природа го зголеми бројот на несреќи и интервенции од  страна на спасителите. 

Во последниот случај пред неколку денови  успешно  беше пронајден   маж кој се изгубил на планина во струшко. Лицето   само се движело, било изгуебно ,  дехидрирано, со 5 проценти батерија на мобилниот телефон . Среќа е што бил пронајден преку системот за лоцирање и бил брзо евакуиран.

- „ Годинава заради пандемијата очекувавме намален број на интервенции, но се случи обратното. Се случи поголема активност на домашните туристи и масовни посети на планините и  на отворен простор, а со тоа се зголеми и бројот на несреќи“. вели Антонио Додевски,раководител на Планинска Спасителна Служба

Изгубени, дезориентирани, паднати и повредени  во провалија се најчестите интервенции на планинската служба. Од таму апелираат  посетителита да бидат  повнимателни.

 „Луѓето да ги почитуваат основните начела за безбедност, движење во групи најмалку 2 лица, носење мобилни телефони со полни батерии, соодветна опрема за условите кои владеат, доволни количини храна и посебно течности во летниот период “, додава Додески.

Од почетокот на годинава Планинската Спасителна Служба имала 8 успешни интервенции во планините во Југозападниот регион во земјава. Тимот за спасување на планина во изминативе 18 год направил стотици успешни  нтервенции.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK