Нед09202020

Последна промена10:43:08 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Сеќавање: Три години од прераната смрт на Антонио Ристевски

Сеќавање: Три години од прераната смрт на Антонио Ристевски

Сподели

Денес се навршуваат 3 години од прераната смрт на Антонио Ристевски во охридската јавност познат како " Тони Дилерот ".


Неговиот живот трагично заврши во сообраќајна несреќа на 17.09.2017 но неговото дело продолжи да живее меѓу граѓаните на Охрид.
Тој како сопственик на туристичката агенција "Висит Охрид" и како лиценциран туристички водич го промовираше Охрид насекаде низ светот. Неуморно работеше и ги сместуваше туристите во хотели, приватни апартмани и вили во Охрид и околината.
Како вистински професионалец во своето работење беше скромен чесен и многу почитуван од Охриѓани но и од бројните туристи кој доаѓаа од насекаде во светот. Многу сограѓани за него велеа дека Тони Дилерот "работи и кога спие".
Беше познат и по своите патувања. Обожаваше барем еднаш во годината да патува низ светот и знаеше да донесе некоја нова идеа за да привлече гости во Охрид. Како светски патник посети бројни дестинации како: Перу; Чиле; Аргентина; Боливија; Мексико; Куба; Тајланд; Танзанија; Занзибар; Кенија; Макао; Бурма; Белизе; Гватемала; Камбоџа; Хонг Конг и скоро сите земји во Европа...
"Тони почивај во мир Охрид нема да те заборави".

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK