Пон10262020

Последна промена01:37:42 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Моторциклист тешко повреден кај Рача

Моторциклист тешко повреден кај Рача

Сподели

Во сообраќајката тешко е повреден 45 годичен маж.

Клучките на патот од Охрид кон Св.Наум се исклучително опасни и сообраќајно небезбедни. Речиси и да нема лето, полно со тешки сообраќајки на овој патен потег. Летово, кај клучката за „Парк“, едно младо момче го загуби животот а пет беа тешко повредени. Опасна е и клучката кај населбата Рача, каде периодов наназад се случувале тешки сообраќајки со жртви. Овде, пред четири дена, моторциклист изгубил контрола и паднал, здобивајќи се со тшки телесни повреди а синоќа, нова сообраќајка кај Рача. Според полициското соопштение, на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Рача, М.Б.(45) од Охрид, управувајќи мопед „кивеј“ паднал на коловозот.
- Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен e увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK