Пет10302020

Последна промена08:39:14 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Каналот Студенчишта не може да биде марина

Каналот Студенчишта не може да биде марина

Сподели

Еколошка катастрофа му се заканува на  каналот Студенчишта во Охрид. 

Водата секојдневно се намалува,  нема риби,   скапува    растителниот свет во познатото зимувалиште на плашицата . Претворањето на каналот во импровизирана  марина за паркирање на рекордниот број на пловила оваа сезона предизвика големи еколошки последици врз флората и фауната .

Дополнително влијание има и  сушниот период  и намалувањето на нивото на езерото.

- „Се среќаваме со многу плитки делови  кои што се во суштина неповолни како за живиот свет во него . Овој канал  доста долги периоди служел како зимовник на плашицата а сведоци сме што ни се случи  пред неколку години кога голем дел од популацијата на плашицата која беше тука  угина“, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт.  

Студенчишкиот канал не смее да се користи како марина бидејќи нема никакви услови за тоа, апелираат еколозите.. Состојбата е алармантна  и треба итна дислокација на пловилата.  

-„Во суштина ова е еден вид дива марина, на тој начин бидејќи не постојат соодветни сервисни станици за опслужување  на пловните објекти дотур на гориво итн секој тоа го прави рачно и често пати имаме излевање на гориво и масла а од друга страна чамци се фарбаат тука“ , додава Спикоски.

Каналот е изграден во 1920 година за потребите на морнарицата во Кралството Југославија. Тој бил длабок од 4 до 6 метри, денес е оплитнат,  на места нема ни десет  сантиметри  вода. Последна санација беше направена во  2002 година,  кога се изврши продлабочување,   но сега е повторно влошена состојбата.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK