Пет10302020

Последна промена08:39:14 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Приведен охриѓанец фатен со дрога и оружје

Приведен охриѓанец фатен со дрога и оружје

Сподели

Уапсен охриѓанец, фатен со дрога и оружје.

 

Вчера околу 21.30 часот, пред угостителски објект кај бензинска станица во Охрид, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за специјални полициски операции-Единица за специјални задачи и СВР Охрид - Оддел за недозволена трговија со дрога и оружје, лишен од слобода е А.И.(44) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела недозволена трговија со дрога и оружје. Имено, при извршен преглед кај него и на неговото возило, биле пронајдени марихуана и два ножа, а при претреси во неговиот и домот на неговата сопруга, извршени по претходно издадени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, пронајдени и одземени се марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и 331 парче распрскувачки материи. По завршување на претресот, А.И. е приведен во полициска станица Охрид, а по комплетирање на целокупната документација ќе му бидат поднесени кривични пријави за сторени Кривични дела по член 215 и чл. 396 од Кривичниот законик, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK