Пет10302020

Последна промена08:39:14 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Заразени со корона вирус во Охрид вработени во маркет и фабрика

Заразени со корона вирус во Охрид вработени во маркет и фабрика

Сподели

Заразени со корона вирус има во еден охридски маркет и во една фабрика во градот. 

Во последниот биланс од  министерството за здравство синоќа, кога беа евидентирани рекордни  445 нови случаи на корона на дневна основа, во Охрид има 12  нови случаи.

Сите лица кои биле во близок контакт со заразените  од денес се во изолација.

 „Веднаш се анкетирани од страна на епидемиолог и соред анкетите сите кои биле со нив во контакт се во изолација. Да бдат  граѓаните да не избегнуваат доење во амркети но тоа да биде претпазливо по ппротокол и сето тоа да се почитува, Не знаи дека треба се кажуваат со име и презиме позитивните случаи   но секакод а се води сметка секој поединечно да го заштити своето здравје и здравјето на своите најблиски“  вели Сашо Точков директор на Центар за јавно здравје.

Се полнат капацитетите  и на Инфективното одделение во Охрид. Иако има само неколку слободни кревети  директоот Горан Балев  уверува дека состојбата е стабилна.

-„Моментално имаме  25 пациенти поврзани со ковидот имаме неколку слободни кревети ако се позитивни ги ставаме на Инфективно, негативните на Интерно. И така ја држиме состојбата стабилна“  , вели Горан Балев директор на охридската болница.

Надлежните уште еднаш апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат  препораките бидејќи ако продолжи да расте бројот на заболени ќе нема  место за лекување на пациентите.

 „Остануваат истите препораки истите опасноти и истите задолженија на секој граѓанин. Почитување на мерките носење заштитна маска и на отворено и затворено држење дистанца избегнувањ јавни собири и честа дезинфекција на рацете“, додава Точков.

Најризични места каде најголем број од граѓаните се заразиле  се семејни или пријателски дружби и ппрослави на затворено или без држење социјална дистанца.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK