Пет10302020

Последна промена08:39:14 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Хорор скривница во Охрид

ФОТО: Хорор скривница во Охрид

Сподели

Скривницата е во трговскиот центар „Трудбеник“, идеална е за хорор филм.

Со тон отпадоци, пластични шприцеви и фекалии, е преполна некогашната скривница во Трговскиот центар „Трудбеник“ во Охрид. Неиздржлива реа ќе ве „пречека“ веднаш на влезот,  а по скалите кои водат надолу, темнината ве обвива, морници ве тресат и ужас ве фаќа од изронетите, зацрнети или мувлосани бетонски ѕидови но и од најразличниот „арсенал“ од ѓубре. Граѓаните кои ни испратија фотографии (дел не се за објавување) велат:

-„Јавен тоалет или депонија да беше, вака не ќе беше местово, кое е направено за заштита на луѓето во случај на опасност“.

Нагласуваат дека скривницата која сега пропаѓа, некогаш била одлично изградена, според стандардите на ЈНА за цврста градба на вакви објекти од витално значење за градот, во кои, во случај на разни опасности, требало, заштита да најдат поголем број граѓани. Велат дека некогашното Оделение за одбрана и заштита, скривницата добро ја одржувало но сегашната Дирекција за заштита и спасување или Центарот за управување со кризи, тотално ја запоставила и заборавила. Прашуваат дали и општината има одредени ингеренции во одржувањето на оваа и на другите скривници во Охрид и дали, овие надлежни фактори, ќе се загрижат и ќе направат нешто да ја санираат скривницата во трговскиот,   кој е опколен со згради и голем број граѓани. Тие, се во голема опасност од оваа состојба во Трговскиот центар-седиште на повеќе деловни објекти со повеќе вработени. Велат,  чувствуваат страв за своите животи но и за сигурноста на објектите шти ги имаат и каде работаат, бидејќи необезбедената скривница е мета и собиралиште на бездомници и наркомани, посебно во текот на ноќта.


Граѓаните ги повикуваат надлежните итно  да направат увид во состојбата на оваа,  но и на другите скривници низ градот, да ги исчистат од отпадоците, да оневозможат пристап на други луѓе и секако-влезовите да ги затворат со заштитни решетки и да ги осветлат.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK