Чет12032020

Последна промена03:30:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во Охрид 23 новозаболени од корона

Во Охрид 23 новозаболени од корона

Сподели

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа се потврдени нови 408 случаи на Ковид-19. 

Регистрирани се 227 случаи во Скопје, 34 во Тетово, 23 во Охрид, 18 во Струмица, по 15 во Штип и Велес, 12 во Куманово, десет во Битола, седум во Радовиш, по шест во Крива Паланка и Кичево, пет во Струга, по четири во Прилеп, Кавадарци, Кочани и Демир Хисар, три во Свети Николе, по два од Гостивар, Пехчево, Берово и Неготино и по еден случај е регистриран во Виница, Делчево и Ресен. Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале четири лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 64 и 77 години, еден пациент од Ресен на 59 години и еден пациент од Битола на 76 години. Од нив, еден пациент е починат вон болнички услови, додека останатите починале во болница. Институтот за јавно здравје регистрирал 280 оздравени пациенти, односно, 148 од Скопје, 18 од Тетово, 17 од Штип, 16 од Прилеп, 12 од Струмица, девет од Гевгелија, по осум од Битола и Кавадарци, шест од Крива Паланка, по четири од Струга, Велес, Пробиштип и Кичево, по три од Куманово, Охрид, Гостивар и Кочани, по два од Радовиш, Валандово, Кратово и Свети Николе и по еден од Берово и Неготино. „Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5674“, информираат од МЗ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK