Сре12022020

Последна промена02:47:09 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Светска промоција на филмот Дедо и внук

Светска промоција на филмот Дедо и внук

Сподели

Играниот филм „Дедо и внук“ на сценаристот и режисер Илија Пиперкоски во продукција на Pandora’s Box продукција од Охрид, а во соработка со Dream Factory од Скопје и Alien Film од Романија, го започна фестивалскиот живот.

 

Со својата интернационалан премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина, ПРИФЕСТ 2020, кој е најважниот филмски настан што се одржува на Косово. Познатата актерка и филантеоп, Ванеса Редгрејв е една од помагателите и пријателите на фестивалот. Таа е претседател на почесниот одбор на фестивалот и го поддржува фестивалот промовирајќи го во различни меѓународни кругови. Фестивалот се состои од четири програми за натпреварување: програма за европски филмски натпревар, програма за балкански филмски натпревар (позната и како КРВ И МЕД), натпреварувачка програма со средна должина (составена од филмови во должина од 25-60 мин.) Дебитнатскиот игран филм на Илија Пиперкоски “ДЕДО И ВНУК”, оваа година беше дел од програмата “Крв и мед”, на 12-то издание на фестивалот кое што поради ковид пандемијата се одржа во хибридно онлајн издание.

Asian Cinematography Awards (ACA) е филмски фестивал основан и управуван од професионалци во филмската индустрија на Фондацијата за награди за кинематографија во Манила. Негувајќи ја кинематографската работа фестивалот доделува награди преку целата година на најдобрите кинематографи. На овој фествал наградата за најдобар Директор на Фотографија - Кинематографер ја доби Патру Паунеску за филмот на Илија Пиперкоски - “ДЕДО И ВНУК”.
Филмот го продолжува фестивалскиот живот на фестивалот ДАРДАН фест во Албанија, на крајот од месецот Октомври.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент,во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса. Љубовта не е нешто кое треба да биде научено. Тоа е нешто кое веќе го имаме, но иронично е тоа Што секогаш мора одново да го научиме. А со која цел? Да станеме почисти луѓе, како некогаш кога бевме деца.

Главните улога во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, заедно со Салаетин Билал (19 март 1942 - 10 мај 2018), Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Филмот комплетно се снимаше во Охрид, и ова е за прв пат во поновата Македонска филмска историја, игран филм во целост да е снимен во Охрид, и креиеран од автор кој живее и твори во Охрид. Авторска екипа ја сочинуваат Директорот на фотографија од Романија - Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, Костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, монтажер е Данчо Стефков, композитор е Оливер Тевчев, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK