Сре12022020

Последна промена02:47:09 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Градоначалникот Георгиески подготвен за помош на колегите од јавното здравство

Градоначалникот Георгиески подготвен за помош на колегите од јавното здравство

Сподели

Градоначалникот Георгиески подготвен да се стави во служба на јавното здравство.

 

Ја поздравувам и ја поддржувам иницијатавата за вклучување на докторите интернисти од приватните здравствени организации за помош и поддршка на здравствениот систем во борбата со КОВИД 19. На денешниот он-лајн состанок со колегите и членовите на Лекарската комора на Република Северна Македонија заклучивме дека согласно препораките и одлуките на здравствените власти треба да излеземе во пресрет на здравствениот систем за полесно надминување на кризата. Подготвен сум да го ставам на располагање својот професионален капацитет и знаење за помош на колегите од јавното здравство. Сметам дека се работи за сериозни кризни моменти како во нашата држава така и во целиот свет и секој придонес е важен. Уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од КОВИД 19. Да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца и лична хигиена, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK