Саб01232021

Последна промена08:37:21 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Он - лајн обуки за рибарство

Он - лајн обуки за рибарство

Сподели

Амбасадата на Израел задолжена за Република Северна Македонија во соработка со Општина Охрид објавува информација за учество на он-лајн обуки за рибарство на тема „Интензивно одгледување на риби“.

 

Обуките се организирани од Израелската агенција за меѓународна соработка-МАШАВ и Центарот за земјоделски обуки-МАТЦ и се наменти за професионалци од надлежните институции, универзитетите, истражувачките институти, приватните компании и невладините организации од областа на рибарството.

Оваа серија на предавања има за цел да сподели со учесниците некои аспекти на израелското искуство за развој на секторот за одгледување на риби. Исто така, обуките имаат за цел да создадат рамка за интернет дебата, овозможувајќи им на учесниците да ги проценат можностите за имплементација на новите стратегии и технологии во нивните локални услови.

Он-лајн обуките ќе бидат организирани во периодот од 26.11-17.12.2020 година и ќе се одвиваат на англиски јазик. Сите лица кои се заинересирани за учество на обуките, можат да достават пополнета апликација до Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид на електронската адреса  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  заклучно со 12.11.2020 година (четврток).

Повеќе информации за обуките може да се прочитаат во приложената брошура.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK