Саб01232021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Георгиески: Ќе продолжи уривањето на плажите

Георгиески: Ќе продолжи уривањето на плажите

Сподели

Средствата кои се останати за отстранување на бесправно изградени објекти по последната тендерска постапка се многу мали. Треба да обезбедиме дополнителни средства за да продолжи акцијата за уривање, рече градоначалникот Константин Георгиески.

 

- „Со ребалансот кој го изгласа Парламентот на Република Македонија доделени ни се 6 милјони денари за имплементација на препораките од УНЕСКО. Ги чекаме тие средства да ни бидат префрлени на посебна сметка на општината по што ќе распишеме брза постапка и кога ќе имаме нов договор со фирма за отстранување веднаш ќе продолжиме со процесот за отстранување на дивоградбите. Скап е тој процес. Цените кои што ги добиваме на тендер се високи и тешко се наоѓа фирма за отстранување“, рече Георгиески. 

Во тек е тендерска постапка за издавање на ллажите, за следната сезона, но согласно ППланот за управување со пприродното и културното наследство. 

-„Ќе продолжиме кај потегот Свети Стефан на дел од плажите кои се во опфат на генералниот урбанистички план. Во тек е тендерска постапка за изработка на урбанистичка документација за плажи која се надевам ќе ја завршиме до првиот месец од наредната година за да можеме од февруари да распишеме нов оглас за давање на плажите под концесија и конечно разрешување на цела таа проблематична ситуација со плажите. Најпрво ќе се урива се она што е во вода. Знам дека тие објекти се репрезентативни и навистина е штета што треба да се отстранат но земјиштето мора да се врати во првобитна состојба. Непостои правна рамка како ние да ги легализираме тие објекти па потоа да го издаваме земјиштето на друг сопственик кога објектот не е наш. Нема законска можност објектот да стане сопственост на општината и да се издава таа плажа со објекти, подвлече Георгиесски, 



  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK