Саб01232021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Шеесеттина здравствени работници од охридско струшко позитивни на корона

Шеесеттина здравствени работници од охридско струшко позитивни на корона

Сподели

Шеесеттина здравствени работници од охридско струшко се позитивни на корона вирусот. Во Охридската болница моментално  има 20  заболени доктори, медицински сестри и болничари   и уште толку во изолација.

Во струшката се околу десеттина, исто толку  во Заводот за дијализа во Струга , во специјалната болница за кардиологија „Свети Стефан“  пет медицински лица се позитини на корона.  Во болницата  за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ има   4 заболени  здравствени работници.

И покрај високите бројки во болниците засега нема проблемисо персонал и болнички кревети.

-„Имаме можност за дваесет и пет нови кревет ако требаат. Ние сме организирани тие што не се зависни од кислород да примаат терапија дома    многу. И во дневната болница третирамем горе се лекуваат само оние кои се зависни од кислородна терапија“, веми Мухамед  Асани директор на струшката болница.

Здравствените работници треба да бидат крајно внимателни, повеќето се заразуваат надвор од работното место.

-„ Нема веќе контакти, нема веќе кластери секој може да се зарази и навистина е потребна голема серизност и одговорност од секој поединец да носи маска , да држи дистанца. Да не биде во група во повеќе од двајца луѓе“ , вели Сашо Точков директор на Центар за јавно здравје.

Покрај вработените во јавното здравство има заболени од корона вирус и во приватното, матични лекари и стоматолози од двата градови.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK