Вто01192021

Последна промена05:44:35 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид се подготвува за модуларна болница

Охрид се подготвува за модуларна болница

Сподели

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација.

На состанокот беа донесени следните заклучоци: 

Споредподатоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 410 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. Во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 94 пациенти од кои 24 пациенти се на кислородна поддршка. Поради зголемениот прилив на заразени на кои им е потребен болнички третман веќе е направена реорганизација по повеќе болнички одделенија. 

Порадиконстантното зголемување на бројот на новозарзени, зголемена е потребата од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти. Во тек е подготовка на план за искористување на расположливите капацитети, медицински персонал и медицинска опрема од останатите здравствени институции на подрачјето на општината. 

Се презeмаат сите потребни активности од страна на надлежните служби во Општина Охрид за спроведување на сите потребни активности за подготовка на теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница. 

Во текот на наредните денови ќе се рагледа можноста за организирање на мобилни здравствени тимови кои ќе може да пружаат здравствен третман во домашни услови на заболени кои имаат полесна клиничка слика. 

Ќепродолжат редовните активности за дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид. 

Сеупатува апел до сите компании, институции и граѓани максимално да ги почитуваат мерките за превенција и заштита од вирусот да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца, да се одржува лична хигиена и да се врши дезинфекција.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK