Интензивна дезинфекција на градскиот пазар
- Детали
- Објавено на Четврток, 12 Ноември 2020 14:49
Почитувајќи ги мерките за заштита од Корона вирус, екипа на ЈП „Градски Пазар“ континуирано врши дезинфекција на градскиот пазар и на деловните простории со кои располага претпријатието.
Во насока на превенирање и спречување на ширење на вирусот секојдневно се врши мерење на телесната температура на вработените и на закупците на тезги во пазарот.
Со високиот стандард на хигиена претпријатието , несомнено гради безбеден пазар како за вработените и закупците на тезги така и за посетителите.