Во охридската болница психолошка поддршка во пандемијата
- Детали
- Објавено на Четврток, 12 Ноември 2020 20:43
Во Охридската болница психолошка поддршка во пандемијата.
Корона вирусот, за жал веќе скоро цела една година е дел од нашето секојдневие. Многу инфицирани , оздравени, починати и многу со последици по својот живот - физички и душевни. Според последните објави од Светската Здравствена Организација и од страна на големите сили, се наговестува скорешно пронаоѓање на сигурна вакцина , но сепак дури и тогаш нас ни претстои долг и мачен пат на опоравување. За пациентите со Ковид-19 , нивните семејства и за сите оние на кои што овој вирус и сета оваа моментална хаотична состојба им оставила некаков облик на стрес, страв и неизвесност, во Одделот за Ментално здравје при ЈЗО Општа Болница Охрид започна со работа тим на здравствени работници на чело со Светлана Илоски Спец. по клиничка психологија. Психолошка поддршка за сите кои што во ова време-невреме чувствуваат потреба дека треба да ја добијат, нека се јават на 046/267-267 локал 140 Секој работен ден Од 8:00h до 15:00h