Саб01232021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ВМРО ДПМНЕ реагира на повикот за испитување на јавното мислење за заштита на животната средина

ВМРО ДПМНЕ реагира на повикот за испитување на јавното мислење за заштита на животната средина

Сподели

ВМРО ДПМНЕ реагира на повикот  за испитување на јавното мислење за заштита на животната средина. 

 

Деновиве кога стравот и неизвесноста од она што ќе го живееме во наредниве месеци е присутен во секој дом и го засега секој граѓанин на Охрид, градоначалникот и општината објавија јавен повик, замислете за ИСПИТУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ на темите:
- приоритети во изградба на инфраструктура,
- заштита на животна средина и
- состојбата со КОВИД-19 кај нас.
Неверојатни скоро 1 милион денари планираат да потрошат за одговори на прашања кои ги добиваат на секој чекор и во секоја прилика од граѓаните.
Наместо да ги посетат урбаните заедници, на кои патем пред избори им ветија буџет до 1 милион денари, како и месните заедници во руралните средини, тие ангажираат анкетари.
Наместо јавните анкети кои имаат законска обврска да ги спроведуваат пред секое носење на буџет да ги сведат на формалност, тие требаше од нив да црпат информации за инфраструктурните приоритети на Охрид.

Пред неколку дена Советот донесе стратешки документ за екологија, ЛЕАП за следните 5 години. Во него јасно пишува кои се горливите еколошки проблеми и како да се решаваат. Не им треба јавна анкета за да откријат „топла вода" за тоа што и врапчињата во Охрид и охридско го знаат, освен ако треба да се оддолжуваат на некои ПР-агенции за сработеното во изминатите изборни циклуси, па сега ни мачкаат очи со некоја наводна транспарентност која граѓаните ќе ги чини 1 милион денари.

За проблемите кои ги предизвика КОВИД-19 најмалку е потребна анкета. Погодените сектори секојдневно апелираат за помош, здравствените работници, угостителите, занаетчиите, студентите, учениците, просветните работници...

Апелираме градоначалникот да прошета со тие околу него низ градот, нека поразговара со своите сограѓани, тие најточно ќе му кажат што ги мачи. Ќе заштеди и време и драгоцени средства кои мора попаметно да се потрошат!, рече Сашо Донев претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK