Пет01222021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се уште има пијани возачи по патиштата

Се уште има пијани возачи по патиштата

Сподели

Полицијата ги исклучува од сообраќај пијаните возачи.

Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, на 14.11.2020 година, СВР Охрид, на целото подрачје спроведе засилени акциски контроли.
- Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, извршија контрола на 67 патнички и други моторни возила а кај тројца возачи, по извршено алкотестирање, констатирано е дека управуваат автомобил под дејство на алкохол а биле регистрирале три неправилно запрени патнички автомобили и еден прекршок сторен од моторциклист. На подрачјето на Струга, контролирани се 68 патнички и други моторни возила и во еден случај, констатирано е управување автомобил под дејство на алкохол како и два случаи на сторени прекршоци според одредбите од Законот за возила, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Портпаролот Димоски,информира дека  полициските службеници во Кичево, контролирале 39 патнички и други моторни возила и по направено алкотестирање, регистрирале два случаи на управување моторно возило под дејство на алкохол и два прекршоци сторени од возачите на моторцикли.
На подрачјето на Дебар, полициските службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата, контролирале 26 патнички и други моторни возила. Од извршеното алкотестирање, не било констатирано управување на возила под дејство на алкохол а биле евидентирани осум прекршоци сторени од моторциклисти и останати учесници во сообраќајот.
Возачите кои управувале моторно возило под дејство на алкохол се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Против нив, како и против сторителите на евидентираните прекршоци, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK