Саб12052020

Последна промена01:05:03 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Георгиески во увид на градежните активности во градот

Георгиески во увид на градежните активности во градот

Сподели

Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности во рамки на поголемите проекти за реконструкција на сообраќајната инфраструктура во Охрид.

 

Заедно со надлежните од Секторот за комунален развој сообраќај и улици при Општина Охрид, градоначалникот Георгиески ја посети улицата „Абас Емин“ каде што во моментот се работи на реконструкција на атмосферската, фекалната и водоводната линија на предвидениот потег. Исто така се врши тампонирање на дел од коловозот, а на дел од улицата веќе се започнати активности за поставување на рабници.

Доколку дозволат временските услови се очекува првиот асфалтен слој на улицата, на потегот од крстосницата со улица „Дејан Војвода“ до крстосницата со улица „Охридска Бригада“ да биде поставен до крајот на оваа година.


Градоначалникот Георгиески беше во посета и на улицата „15 Корпус“ каде што во рамки на втората фаза од проектот за реконструкција се работи на уредување на тротоарите и велосипедските патеки од десната страна на улицата. Во моментот на овој потег се изведуваат и активности за поставување на нова атмосферска канализација.

Во рамки на теренскиот увид, градоначалникот Георгиески ја посети и новата кружна крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“ каде што во моментот се изведуваат завршни работни активности.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK