Охриѓанка тешко повредена при пад од велосипед
- Детали
- Објавено на Понеделник, 23 Ноември 2020 11:39
Несреќниот случај бил вчера на пладне.
Вчера во 12.25 часот било пријавено дека на велосипедска патека кај Центарот за обука на вода во Охрид, С.В.(60) од Охрид, управувајќи велосипед, паднала на патеката. Во незгодата, С.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за трауматалогија и ортопедија „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.