Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Нискоградба воведува новини во наплатата на сметки

Нискоградба воведува новини во наплатата на сметки

Сподели

ЈП Нискоградба  Охрид воведува две новини во начинот на наплата на сметки кои важат само за физичките лица, јавува ТВМ.  Почнувајќи од денес па се до крај на месец февруари граѓаните ќе можат својот заостанат долг кон ЈП да го плаќаат на рати.

 

- „Физичките лица кои што имаат неплатен долг му даваме можност за тој долг да склучиме договор тука во ЈП и долгот го плаќаат на 3, 6, 9 и 12 рати. Со што сакаме да потенцираме дека се трудиме она што го имаме како побарување да го наплатиме и му излегуваме во пресрет на граѓаните во Охрид. Втората услуга и таа се однесува на физичките лица. Оние кои што редовно ја плаќаат сметката на ЈП услугата за отпушување на канализацијата од нивните домови до главната шахта ќе биде бесплатна“- вели Донев во изјава за ТВМ.

Директорот Донев, верува дека со воведувањето на двете новини ЈП ќе го зголеми процентот на наплата што ќе допринесе за подобрување на финансиска состојба.

- „Целта е да сепак ова е ЈП не е приватна фирма е најдеме начини да му помогнеме на граѓаните а тие нас да ни помогнат, бидејќи знаеме каква е состојбата на ЈП а не очекуваат проекти и инвестиции во механизација и реализирање на проекти од Локалната Самоуправа така да во идниот период ќе работиме на тоа ова ЈП да го приближиме до граѓаните и му доловиме кое евсушност значењето на истото“.

Граѓаните за новите мерки ќе бидат информирани и со флаери, кои ќе ги добијат со последната сметка која ќе им биде доставена од  понеделник. Директорот очекува  двете нови услуги одлично да бидат прифатени од страна на корисниците, бидејќи со редовно плаќање добиваат и бесплатно чистење на запушена канализација за која пак услуга ЈП досега наплатуваше од 1500 денари нагоре.? Извор ТВМ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK