Пет01222021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Почина уметникот д-р Драган Спасески

Почина уметникот д-р Драган Спасески

Сподели

Почина Драган Спасески Охридски, доктор, поет, сликар, хуманист и сестран интелект.

Во 60тата година од животот, по кратко боледување, ја загуби битката со подмолната болест Ковид- 19. Драган Спасески Охридски роден на 22 јуни 1960 година во Охрид. Завршил Медицински факултет во Скопје. По професија доктор-специјалист ортопедски хирург работеше во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија СВ Ерзамо – Охрид. Драган Спасески остави силен белег во заедницата, во своето работење во професијата, уметничкото творење и општествено делување како хуманист еден од основачите на Лајонс Клуб Охрид. „Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил“ е насловот на мултимедијалниот проект на Спасески Охридски којшто заедно со пресекот од неговите најзначајни ликовни и поетски дела беше поставен во рамките на фестивалот „Охридско лето“,во катедралната црква „Света Софија“ во 2019 год. Спасески Охридски со тој проект одбележа три децении од неговата прва самостојна изложба што се случи во 1989 година кога всушност тој го направи и првиот мултимедијален проект во нашата држава, насловен како „Апокалиптичен нарцис“. Во своето три децениско уметничко творење ги реализирал следните мултимедијални проекти:„Апокалиптичен нарцис“ (1989 год.), „Сѐ трепери (1996 год), „Блиску до сонцето и љубовта мракот помалку боли“ (1999 год), „Вибрација, креација, совршена релација“ (2001), „Охридски ангели“ (2003), „Погледни во себе“ (2004), „Трите точки“ (2008), „Охридски бисери на мудроста“ (2010), „Битолска трилогија“ (2011), „Човек е трепет …и ангелот трепет е …а ти Боже мој…“ (2017 год.), Скоро сите мултимедијални проекти се составени од изложби на ликовни дела и промоција на книги – поезија со истоимениот наслов како мултимедијалниот проект, а некои се проследени и со архитектонски ентериерни креации. Спасески Охридски беше голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава. Д-р Драган Спасески Охридски, ќе биде погребан утре на градските гробишта во Охрид, во согласност со ковид протоколите.

ТВМ телевизија

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK