Вто01192021

Последна промена05:44:35 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Играниот филм „Дедо и внук“ на Пиперкоски награден на The Buddha International Film Festival

Играниот филм „Дедо и внук“ на Пиперкоски награден на The Buddha International Film Festival

Сподели

Играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски ја освои наградата за најдобра режија на The Buddha International Film Festival. TBIFF е посветен на прикажување нови и иновативни филмови додека ја поттикнува следната генерација на филмаџии.

Фестивалот е силен поборник за социјални промени и ја охрабрува културната разновидност и разбирање меѓу народите. Се стреми да ја поттикне филмската уметност на сите континенти стимулирајќи го развојот на квалитетно кино и промовирајќи одлични филмови, со големи вредности од целиот свет.
Ова е четврта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festivalв во категоријата играни филмови.
Светската промоција на „Дедо и внук“ се одржа на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина. Директорот на фотографија, Патру Паунеску има освоено уште две награди за најдобар Директор на фотографија - Кинематографер.
Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други. Монтажер е Данчо Стефков, композитор Оливер Тевчев, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Владимир Зафирковски. Продуцент на филмот е Огнен Антов. Зад продукцијата на филмот стои „Pandora’s Box“, продукција од Охрид во соработка со „Dream Factory“ од Скопје и „Alien Film“ од Романија.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK