Пет01222021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ќе продолжи уривањето на дивоградбите

Ќе продолжи уривањето на дивоградбите

Сподели

Градоначалникот Константин Георгиески оствари работна средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска беше во прва работна посета на Општина Охрид.

 

На средбата беше разговарано за тековните инфраструктурни проекти кои општината ги реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, како и за идните планови за заедничка соработка.

-Сакам да се заблагодарам на Министерството за транспорт и врски за поддршката која ја имам јас како градоначалник и општината. Во Охрид, во изминативе три години со поддршка на Министерството за транспорт и врски се реализираа неколку крупни инфраструктурни проекти. Како прво би ја споменал реконструкцијата на булеварот „Туристичка“, потоа реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ каде што министерството е задолжено за поставување на новата атмосферска и фекална канализација, како и поставување на нова водоводна линија, а општината е задолжена за инвестициите во делот на горниот строј на улицата. Заеднички го реализираме и проектот за влезот во Охрид, односно реконструкцијата на улицата „15-ти Корупус“. Разговаравме и за проектот за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ кој ќе биде финансиран од програмата на Светска Банка, како и за други проекти кои ги работиме и ќе ги работиме заедно во иднина, изјави градоначалникот Георгиески по работната средба.


Тој истакна дека со министерот Бочварски разговарале и за носењето на урбанистичките планови кои се во надлежност на министерството, како и за идните активности на локалната и централната власт во делот на уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро, почитување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, применувањето на законските прописи и исполнувањето на препораките од УНЕСКО.

 Идната година државата  ќе ја преземе обврската да ги решава дивоградбите на Охридското крајбрежје.  Сите нелегалните градби во заштитената зона на езерото   и плажите  во трите општини Охрид, Дебарца и Струга ќе бидат отстранети.

Процесот  ќе трае долго , етапно согласно  финансиските средства и капацитетите на иституциите, најави министерот Бочварски.

-„ Ние само ќе влеземе во урбанизацијашто значи  ќе ги решиме сите овие проблеми, а тоа значи сите   оние нелегални објекти според новите урбанистички планови ќе треба да бидат отстранети од Охридското крајбрежје“  , вели Благој Бочварски министер за транспорт.

И општина Струга ќе мора да започне со отстранување на дивоградбите на брегот на езерото. Министерот најави дека ќе се разговара со градоначалникот Мерко,  законот мора да важи за сите.  

-„Врз база на документација да видиме што е тоа што е нелегално и кој е планот на оштината. Секако Унеско заштитата важи и за Струга и за сите кои гравитираат во овој појас“, додава Бочкарски.

Владата му додели блок дотација на општина Охрид  во висина од   шест милиони денари за реализирање на препораките на Унеско и за продолжување на акцијата за отстранување на дивoгадбите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK