Вто01192021

Последна промена05:44:35 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид конечно доби типизирани куќи за продажба

Охрид конечно доби типизирани куќи за продажба

Сподели

Со цел да се обезбедат посовремени услови за улична продажба на јавни локации во централното градско подрачје и да се подобри урбаната слика во градот, Општина Охрид преку ЈП „Градски пазар“ набави 10 типизирани куќарки (урбана опрема).

Куќарките имаат автентичен изглед, изработени се од соодветен дрвен материјал и располагаат со сите потребни сегменти за продажба. Куќарките ќе се поставуваат на јавни локации во градот согласно потребите и Програмата за поставување на урбана опрема. Според планираното, во иднина Општина Охрид ќе дозволува продажба на отворено само во вакви куќарки и нема да биде дозволена продажба на отворено на монтажни тезги од секаков вид. ➡️Куќарките ќе бидат поставени за прв пат на градскиот плоштад во Охрид за потребите на Новогодишниот базар. Поради економската криза која ја предизвика светската пандемија и со цел да им се излезе во пресрет на локалните трговци, Општина Охрид донесе одлука во текот на Новогодишниот базар, куќарките да бидат изнајмени промотивно и без закуп. Во текот на наредните денови ќе биде објавен наменски јавен повик за изнајмување на куќарките.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK