Во сообраќајка повредени две малолтени братчиња на Железничка
- Детали
- Објавено на Четврток, 24 Декември 2020 20:49
Стружанец прегази две малолетни деца на улица Железничка.
Според неофицијални информации се работи за две братчиња. Едното на возраст од 13, а другото на 8 годишна возраст преминувале на коловозот, кога ги удрило возило со струшки таблици. Децата се во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо Охрид. Едното имало полесни, а другото потешки повреди.
Од охридската полиција го потврдија настанот.
-Во моментов се врши увид на лице место за причините за сообраќајната несреќа. Утре ќе има подетални информации, рече портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.