Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се работи на отворање на индустриската зона во Охрид

Се работи на отворање на индустриската зона во Охрид

Сподели

Интензивно се работи на отворање на индустриската зона во Охрид и Струга. Поради атрактивната локација и  близината на аеродромот  веќе имало заинтересирани странски инвеститори за овој регион.

 

Надлежните засега не откриваат за каква инвестиција се работи, но велат ќе има вработувања кои значително ќе ја подобрат економијата во регионот.

- Секако дека странските инвеститори најмногу ги има онаму каде што има слободна економска зона. Во последно време станаа атрактивни Kавадарци, Штип и Kочани, каде што се отворија нови фабрики, а работиме и на зоната меѓу Охрид, Струга и Kичево, каде што имаме потенцијален инвеститор, вели Виктор Мизо  директор на Дирекцијата за технолошко-развојни зони во изјава за Дневник.

Според истражувањето на Дневник  пресудно во изборот на локацијата на странските инвеститори освен логистиката и инфраструктурата, најбитни фактори во одлуката се квалитетот на кадарот, близината до факултети, аеродроми и слично.

Токму и поради дисперзијата на странските инвестиции во повеќе градови во земјава, се подобрува и уделот што другите региони во земјава го имаат во домашниот бруто-производ. Иако скопскиот регион е неприкосновен лидер во учеството во БДП, источниот и југоисточниот регион последниве години се веднаш зад него, односно Штип, Струмица и Гевгелија постојано се развиваат. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK