Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Јапонија ќе ја плати Физибилити студија за колекторскиот систем на Охридското езеро

Јапонија ќе ја плати Физибилити студија за колекторскиот систем на Охридското езеро

Сподели

 Јапонската Агенција  одобри  неповратни финансиски средства и експертиза  за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна.

 

Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Тоа е позитивна вест и  огромен чекор за напредок кој произлезе од нашата заедничка работа и од испратената апликација од македонската страна.

Јапонската Агенција е подготвена сразмено на своите процедури да оддели средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на поширока Донаторска конференција која е планирана да се изведе по објавата на Физибилити Студијата. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро “, информира Дејан Паноски од Министерството за животна средина.

Активностите на Јапонската агенција околу рехабилитација на колекторскиот систем на охридското Езеро започнаа веднаш по потпишувањто на договорот за соработка во областа на екологијата помеѓу Премиерите на Македонија и Јапонија. Јапонски експерти досега превзеле неколку мисии во регионот при што е изработен и Извештај  за состојбата на колекторскиот систем. Македонското Министерсттво за животна средина и просторно планирање подготви Апликација за издвојување средства за изработка на физибилити студија кои се веќе одобрени.  Партнер на Јапонската агенција е Министерството за Финансии , а стручниот дел се одвива преку Министерството за животна средина и просторно планирање во Скопје и одделението на Министерството во Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK