Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Бакрачески: Јапонската помош е од огромно значење за Охрид

Бакрачески: Јапонската помош е од огромно значење за Охрид

Сподели

Во месец април-мај годинава јапонски експерти  ќе започнат со  изработката на физибилити студија за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското  Езерото од македонска страна.

Проектот ќе се реализира со неповратни средства од Јапонската агенција за меѓународна соработка,  беше   истакнато на денешната работна средба меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и јапонските експерти кои денес беа во посета на Општина Охрид. 


Градоначалникот Бакрачески истакна дека Локалната Самоуправа го поздравува проектот кој битно ќе допринесува за заштита на живиот свет во езерото но и за нормално функционирање на колекторскиот систем во градот и приградските средини. Притоа беше истакнато дека локалната ќе ги обезбеди сите потребни документи и ќе стори се што е во нејзина надлежност за побрза реализација на проектот. 

Директорот на МЈП “Проаква“, Томе Паскалиев кој  ќе биде координатор на проектот од македонска страна истакна дека за Охрид и охриѓани особено е значајно да се реконструира делот од колекторот кој се однесува на секундарната односно канализационата градска мрежа. Активностите на Јапонската агенција околу рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро се резултат на потпишувањето на договорот за соработка во областа на екологијата помеѓу Владите  на Македонија и Јапонија. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK