Приведени охриѓани омаловажувале полицајци
- Детали
- Објавено на Четврток, 07 Јануари 2021 13:00
Приведени охриѓани омаловажувале полицајци.
НаНа 06.01.2021 година околу 20 часот, во СВР Охрид приведен е Г.Ч.(53) од Охрид, кој под дејство на алкохол, го нарушил јавниот ред и мир на улицата „Партизанска“ во Охрид а потоа навредувал полициските службеници. Во 21 часот, во СВР Охрид приведен е Д.А.(28) од Охрид, кој на булеварот „Туристичка“ одбил да се легитимира и омаловажувал полициски службеници. Против нив, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.