Пет01222021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Георгиески: Потребен е план за исполнување на барањата на Унеско

Георгиески: Потребен е план за исполнување на барањата на Унеско

Сподели

Охрид и регионот е специфичен, имаме проблеми со менаџирање со отпадот, под лупа сме на меѓународните институции, со уредување на плажите, со нелегална градба.

Чаре има секогаш, но никогаш не се доаѓа од денес до утре,вели Костадин Георгиевски, градоначалник на Охрид во Студио 10.

Тој вели дека потребен е план кој добро ќе се разработи со цел да се исполнат поставените барања од УНЕСКО.

– Треба и поддршка од институциите во државата, Владата несебично го поддржува Охрид. Треба да има функционирање на правна држава, целокупна функционалност. Истите забелешки од УНЕСКО се провејуваат, во добар дел од нив изминатите декади не е постапувано. Во јануари 2020 има извонреден напредок, но градот живее и се раѓаат нови проблеми. Во сите извештаи на УНЕСКО од 2016 наваму стои дека регионот ги исполнува условите да биде ставен во опасност. Ќе мора позасилено да ги имплементираме препораките“, вели Георгиевски.

Тој додава дека граѓаните треба да сфатат дека од Охрид е едена од најстарите населби во Европа не може да се направи Ибица.

-Луѓето треба да сфатат дека го имаме најстарото езеро во Европа, не може да се поставуваат платформи и да се прават журки во три сабајле, Охрид не е Ибица.Ја градот го гледам во насока на развој како Дубровник, вели градоначалникот на Охрид.

Нема дозвола за градба доколку таа не се совпаѓа со Планот за управување со охридскиот регион. Токму преку усогласеноста со препораките на УНЕСКО ги исправаме грешките од минатото. Резултатите нема да се видат преку ноќ но чекор по чекор работиме на нивно исправање. Институционалната поддршка е исклучително важна за побрзо постапување и остварување на целите. Охридското Езеро и целиот охридски регион ќе ја врати вредноста во Извештајот на УНЕСКО.

Охридскиот регион е наше но и светско богатство. Токму затоа во изминатиот период сериозно се зафативме со исполнување на препораките од УНЕСКО. Завршивме речиси 50 отсто од барањата но за дел од нив потребно е време за реализација. Секако ни треба и институционална поддршка бидејќи исполнувањето на сите препораки не зависат само од одлуките на општината туку и на останатите институции. Нашата цел како општина е целосна реализација и конечно решение за статусот на нашиот град и целиот охридски регион кој е заштитен од УНЕСКО.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK