Пријава за охриѓанец, организирал семејна веселба
- Детали
- Објавено на Петок, 15 Јануари 2021 12:13
Охриѓанецот собрал 20 гости во својот дом.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ш.К.(47) од Охрид.
- При извршена контрола на 21.11.2020 година, полициските службеници констатирале дека тој, организирал семејна веселба со присуство на 20 гости во неговиот дом. Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот Ковид 19, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.