Пет03052021

Последна промена09:48:48 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Незаконитиот риболов предизвика дисбаланс во рибниот фонд на Охридското езеро

Незаконитиот риболов предизвика дисбаланс во рибниот фонд на Охридското езеро

Сподели

Рибокрадците не мируваат, само од почетокот на годинава до денес  запленети  се 34 разновиден  рибарски алат и  мрежи во должина од 1800 метри со  150 парчиња охридска риба.  

Незаконитиот риболов  предизвика  дисбаланс во рибниот фонд  на Охридското езеро  Со децении  се изловуваат само три видови риби,  пастрмка, белвица и крап.

Со истребувањето на ендемичната пастрмка која е предатор се зголемува  популацијата на плашицата, што  никој не ја изловува од комерцијален аспект, поради ниската цена.

„Години наназад на пазарот за разллика од порано кога се нудеа десет видови риби денес се нудат само три пастрмка, белвица и крап.  Автоматски имаме таргетирано целно ловење на рибите а со тоа е зголемен притисокот на овие видови. 0150 Автоматски се врши деградирање на нивната состојба,  а со тоа се прават голем број промени во езерото“, вели Зоран Сппиркоски од Хидробилошкиот институт Охрид.

Рибокрадците ловат  риби кои имаат висока цена. Најскапа е пастрмката која на црно се продава по 1000 ден килограм, потоа белвицата 400 ден и крапот од 350 ден килограм. За враќање на рамнотежата меѓу рибите во езерото мора да се изловува и плашицата, сугерираат експертите.

-„Мора да се решаваат проблемите интегрално заедно со Албанија и да се направат напори оваа биомаса на пплашица која во 6 та година на својот живот изумира се таложи на дното на Охридското езеро  биде естрахирана на начин да биде понудена на пазарот ,а со тоа и тој што ќе го води тоа да биде обезбеден економски бенефит , додава  Сппиркоски

Последното порибување со пастрмка е извршено  во 2019 година. Охридското езеро веќе втора година нема концесионер, ниту рибочувари. За рибниот фонд се грижи езерската полиција.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK