Тепачка во угостителски објект во Охрид
- Детали
- Објавено на Среда, 20 Јануари 2021 11:18
Тепачка во угосителски објект во Охрид.
На 19.01.2021 година во 17,20 часот, во угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Ј.(33) од селото Лешани, општина Дебарца и С.К. од Охрид. Со Д.Ј. кој издржува казна затвор во Казнено поправната установа од отворен тип, „Затвор Струга“, извршен е разговор а се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.