Жител на Радожда нападнал вевчанец
- Детали
- Објавено на Среда, 20 Јануари 2021 14:42
Жител на Радожда нападнал вевчанец.
На 19.01.2021 година околу 18 часот, И.С. (34) од струшкото село Радожда, го нарушил јавниот ред и мир во Вевчани, со карање, агресивно однесување и закани упатени кон Д.Л.(57) во неговиот дом во Вевчани. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.