Пет03052021

Последна промена09:48:48 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Полицијата одзеде три возила

Полицијата одзеде три возила

Сподели

СВР Охрид ги спроведува  донесените законски измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој, полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена.

Така, при контроли извршени во периодот од 14 до 20.01.2021 година, одземени се три патнички моторни возила, и тоа по едно во Охрид и во Струга, поради изминат рок на важност на возачките документи од шест или повеќе месеци и едно во Кичево, заради техничка неисправност и сомнение за прекумерна бучавост. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена. Според новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, полициски службеници ќе можат веднаш да ги симнат регистарските таблички на возилото и да го отстранат од сообраќај, ако се посомневаат дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена. Законот предвидува и трајно губење на возачката дозвола за возачи кои почесто се јавуваат како сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот или на сообраќајни незгоди со потешки последици.

На 21.01.2021 во периодот од 10.00 до 14.00 часот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга реализираше засилена контрола во патниот сообраќај. Притоа, евидентирани се пет возачи кои извршиле непрописно престигнување, 23 возачи сториле други прекршоци, а поради непрописно паркирање, со специјално возило се подигнати пет возила. Сите констатирани прекршоци се соодветно санкционирани, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK