Доставени хуманитарните пакети до социјално загрозените семејства
- Детали
- Објавено на Понеделник, 25 Јануари 2021 11:25
Сите 120 хуманитарни пакети кои ги донираа Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија како дел од овогодинешните богојавленски чествувања, во текот на изминатите денови беа доставени до нашите сограѓани со социјален ризик.
Упатувам благодарност до Мобилните тимови на Општина Охрид и екипите на Црвен крст кои се погрижија оваа хуманитарна активност да биде навремено реализирана. Ги поттикнувам претставниците на бизнис секторот и останатите институции да бидат хумани и во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што е најпотребно, повика охридскиот градоначалник Константин Георгиески.