Современи услови за настава во угостителското училиште
- Детали
- Објавено на Понеделник, 25 Јануари 2021 19:00
За учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ „Ванчо Питошески“ обезбедени се посовремени услови за настава.
Неодамна е опремен нов кабинет за практична настава, кој располага со угостителска и компјутерска опрема, нагледни средства и наставни помагала кои значително ќе придонесат за поголема ефикасност на обуките и подобрување на квалитетот на ученичката пракса.
Опремувањето на оваа училишна просторија беше овозможено преку средства од проектот за Локална и регионална конкурентност од фондовите на ЕУ и со кофинансирање од буџетот на Општина Охрид, информира градоначалникот на општина Охрид Константин Гергиески.