Пет03052021

Последна промена09:48:48 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид доби опрема за безбеден зимски туризам

Охрид доби опрема за безбеден зимски туризам

Сподели

Градоначалникот Константин Георгиески во придружба на евроамбасадорот Дејвид Гир , министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на општинската организација на Црвен крст Сашо Точков, присуствуваше на презентација на специјалната опрема за спасување во зимски услови што денес се одржа на кејот од Охридското Езеро .

 Опремата беше обезбедена преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам “ финансиран од Европската Унија преку ИПА2 програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Проектот го спроведуваат Црвен Крст- Охрид, општинина Дебрца ,општина Грамш од Албанијаи и алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид.

 

Проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ има за цел промоција на социо-економскиот развој на охридско-преспанскиот прекуграничен регион преку одржлив развој на туризмот, со особено внимание за создавање деловни можности за урбаните и руралните области од поширокиот регион, како и понуда на различни туристички пакети и промоција на високи стандарди за безбедност во туризмот. Поконкретно, целта на проектот е да се прошири туристичката сезона преку цела година, како и да се обезбеди поизбалансиран и инклузивен развој на поширокиот прекуграничен регион околу Охридското Езеро со приближување на општините Дебрца и Грамш кон Охрид и Поградец, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

 

Тој појасни дека имплементација на проектот започна на први ноември 2019 година и ќе се спроведува три години, а вкупниот буџет на проектот изнесува 692.000 евра, од кои 588.200 се грант од ЕУ, а останатите средства се обезбедени со кофинансирање од страна на споменатите партнери.

 

-Овој проект е продолжение на претходно исклучително успешно реализираниот проект „Регионот Охридско Езеро - Безбедна дестинација за авантуристички туризам“, со вкупен буџет од 415.000 Евра, со кој се воспоставија две спасителни служби: Служба за спасување на вода во Поградец, Р. Албанија и Служба за спасување на планина во Охрид. Исто така, беше набавена опрема за споменатите служби и се организираа обуки за спасување на вода во Поградец и за спасување на планина во Охрид. Се изгради и современ оперативен и тренинг центар за Планинската Спасителна Служба во Охрид, рече Милевски.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK