Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Британскиот сој на корона вирусот најзастапен во Охрид

Британскиот сој на корона вирусот најзастапен во Охрид

Сподели

Министерството за здравство информира дека во лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари годинава е утврдено присуство на СарсКов2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.

Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13 јануари во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес. Овие резултати се базираат на скрининг за присуство на 2 мутации кои го карактеризираат овој сој на најголем дел од новозаразените пациенти дијагностицирани во оваа лабораторија, како и со секвенционирање на целите геноми на вирусите детектирани кај овие пациенти.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK