Левица бара инспекцски надзор за испуштањето фекалии во Охридското езеро
- Детали
- Објавено на Вторник, 09 Февруари 2021 10:48
По реакција на поголема група граѓани за засилено загадување и уништување на животната средина преку испуштање фекалии од колекторскиот систем кое се случува подолг временски период, политичката партија Левица денес поднесе иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до државниот инспекторат за животна средина.
Со поднесената иницијатива согласно делокругот на работата на Државниот инспекторат за животна средина бараме веднаш, инспекторатот да излезе на терен и да преземе конкретни законски мерки за запирање на наведеното загадување на животната средина.
Деновиве на социјалните медиуми беа објавени видео снимки на кои беше прикажано како фекалии од колекторксиот систем дирекно се влеваат во Охридското езеро.