Сопственици на земјиште со реакција на измени во ДУП
- Детали
- Објавено на Среда, 10 Февруари 2021 09:26
Група сопственици на земјиште со реакции за измените во ДУП УЗ 10 И УЗ 11, ДЕЛ ОД УБ 10.4 И 11.1 – ОПФАТ 2.
-Ова е една од ретките можности да се соочиме со јавната администрација и нејзиното работење кое, според УНЕСКО е нетранспарентно и штетно не само за природното и културното наследство туку и за граѓаните, во случајов на група засегнати сопственици. Сметаме дека сме дискриминирани, оштетен за што имам намера да ги изложиме аргументите.
Се занемарува „Цел на планот да се создадат услови за планирање и организација на простори, кои ќе бидат реализирани од страна на корисниците на земјиштето, ...“
- Не се направени консултации со нас како корисници.
- лош е и нелогичен опфатот.
- има бенефити за едни сопственици, но кратење на права на други – на нас.
- не е предвидена заштита на околината иако тоа е поентата на Извештајот.
- многу формални и содржински грешки во Извештајот и Планот.
Затоа барам постапката да се запре и врати на доработка на Нацрт Планот и Извештајот со цел да бидат отстранети недостатоците и штетните одредби и бидат вградени услови за организација на просторот кои ќе бидат во реализирани од страна на корисниците на земјиштето, пишува Никола Паункоски од Група сопственици на земјиште.
На оваа теа ќе се одржи јавна расправа на 12.02.2021 во 12 часот во големата сала на Општина Охрид.