Саб04102021

Последна промена06:45:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Одземени пет возила во Охрид

Одземени пет возила во Охрид

Сподели

Во согласност со донесените законски измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради изминат рок на важност на возачки и сообраќајни документи од шест или повеќе месеци, полициската станица за безбедност на патиштата во сообраќајот Охрид, деновиве одзеде и од сообраќај исклучи пет патнички моторни возила.

Во периодот од 14 до 20.01.2021 година, при извршени контроли, одземени се три патнички моторни возила,  по едно во Охрид и во Струга и едно во Кичево, заради техничка неисправност и сомнение за прекумерна бучавост.
Според измените во законот, ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена. Според новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, полициски службеници ќе можат веднаш да ги симнат регистарските таблички на возилото и да го отстранат од сообраќај, ако се посомневаат дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена. Законот предвидува и трајно губење на возачката дозвола за возачи кои почесто се јавуваат како сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот или на сообраќајни незгоди со потешки последици, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK