Чет03042021

Последна промена04:25:30 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Жителите на Лескоец на протест, бараат инфраструктура и водоснабдување

Жителите на Лескоец на протест, бараат инфраструктура и водоснабдување

Сподели

Три децении жителите на охридско Лескоец немаат  патна инфраструктура и редовно водоснабдување.  

 Калливи, неасфалтирани улици полни со  јами се секојдневие на околу 300 жители од селото,  кои денес на мирен протест бараат итно решавање на проблемот.

Постарите не можат да одат до продавница, а децата не можат на училиште, се жалат мештаните.

-, „Имаме проблем со патиштата што се тотално уништени и неупотребливи.  Дете не може на школо да пуштиш ќе се удави во вирови. Досега триесет години немаат преземено ништо“,  вели  Никола Сандрески жител на Лескоец.

-„Нема ни вода,  ни ништо патот  е јок направен“,   вели Сребре Ристески од село Лескоец.

Друг проблем е водоснабдувањето  во селото, во лето немаат капка вода,  а во зима е слаб притискот.

- „Некаде еден два на полноќ треба да станиш па да ги изврши[ сите потреби да наполниш шишиња “ , Елена Јосифоска жителка на Лескоец.

„Сами ја имаме линијата носено Проаква си дојде давајте ни пари  за вода кога ќе имате,  или ќе умрете за вода“ , вели Ристо  Сандрески жител на Лескоец.

Како се менувала Локалната власт така добивале ново ветување , , но до денес иако испратиле барање и петиција  се уште  немаат одговор. Доколку не им се решат проблемите, жителите  на Лескоец најавија протести  и пред општина Охрид.

Од локалната самоуправа побараа трпение од граѓаните и  ветија дека со почеток на градежната сезона улиците ќе бидат  уредени.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK