Охриѓани се степале во маркет
- Детали
- Објавено на Понеделник, 22 Февруари 2021 09:21
Двајца охриѓани се карале и тепале во маркет.
На 20.02.2021 година во 18,30 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир во маркет лоциран на улицата „Абас Емин“ во Охрид, со вербални напади и навреди од М.К.(40) кон Љ.С.(31), двајцата од Охрид. Притоа настанала меѓусебна караница во која, Љ.С. физички го нападнал М.К нанесувајќи му повреди по телото. Откако на местото пристигнале полициски службеници, М.К. им упатил навреди и закани по што е приведен. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.