Чет03042021

Последна промена04:25:30 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Планинската служба за спасување спаси повредено момче кај Лабино

Планинската служба за спасување спаси повредено момче кај Лабино

Сподели

Планинската служба од Охрид викендов спаси 15 годишно момче повредено кај плажата  Лабино. 

 Во неделата околу 13 часот добиле повик дека со тешки повреди на коленото на момче од населбата Воска му  треба помош кај Лабино. 

-Веднаш се мобилизиравме.  Момчето трчало по камењата му се фатила ногата меѓу карпите и имаше тешка повреда. Брзата помош не можеше да го извади момчето и побараа помош од нас.  Повреденото момче е пренесено во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, вели Антонио Додески  од Планинската служба за спасување во изјава за Охриднет. 

Истиот ден попладне планинската служба за спасување, спаси и домашна мачка која три дена била заглавена на дрво во село Љубаништа. 

May be an image of еден или повеќемина и луѓе кои стојат

-Мојата домашна мачка Аласка беше заглавена на дрво 3 дена. Неколку пати се јавив во пожарна каде што одбија да дојдат да помогнат. Имавме многу неуспешни обиди да ја симнеме,ја викавме, се обидовме И да се качиме на дрвото,но таа беше преплашена и со секој наш обид Само се качуваше повисоко. На крајот незнаејки што повеке да направам објавив во некои од групиве дека ми треба помош и некој препорача да ги контактирам ПЛАНИНАРСКА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА ОХРИД. Кога И'м се јавив беше 6 часот попладне,недела. Искрено немав многу надеж дека ке дојдат,но дечките позитивно ме изненадија и веке во 8 беа тука. Не И'м беше проблем што треба да возат 30км за да стигнат до нас,ниту дека е недела навечер,туку само дека ке спасат живот. Кога стигнаа Аласка веке не мјаукасе,не знаевме точно каде на дрвото се наога,ниту дали е жива. Сепак тие одлучија да се кацат и да ја побараат и ја најдоа! Точно на време за да не ја изгубиме засекогаш! Несакаа ништо за возврат на ова добро дело што го направија,но морав да ги објавам за да знаете дека се уште постојат добри луге. Јас засекогаш ке И'м бидам должник за ова добро дело, раскажува  Билјана Јаневска од Љубаништа. 

Од своето формирање до денес планинската слуба за спасување има извршено многу интервенции. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK