Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Расте бројот на заболени, граѓаните да ги почитуваат препораките

Расте бројот на заболени, граѓаните да ги почитуваат препораките

Сподели

Расте бројот на заболени, граѓаните да ги почитуваат препораките, апелираат од Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид.

 

-Почитувани, за жал последниве денови сведоци сме на зголемен број на Ковид 19 позитивни во целата земја, а Охрид е еден од најпогодените градови. Веќе неколку недели сме помеѓу градовите со највисок број на активни случаи на број на жители во земјата. Од неодамна, од МЗ имаме и официјални податоци дека во Охрид е изразено висока застапеноста на "британската мутација" , која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба , за жал, не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти. Сакаме да потенцираме дека во Ковид одделот кај нас се третира најкомплексни пациенти од Охрид и регионот, и многу од нив имаа потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка. Но, и покрај се ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби. И натаму, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед. До нашите пациенти апелираме и натаму да бидат внимателни, да избегнуваат ризични контакти и да останат дома до постигнување на колективна имунизација, апелираат од Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK