Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Успешно завршен уште еден проект во ООУ Кочо Рацин - Охрид

Успешно завршен уште еден проект во ООУ Кочо Рацин - Охрид

Сподели

Запознавањето на различни култури и откривањето сличности и разлики помеѓу културите преку меѓусебно дружење, соработка и размена на идеи е основната замисла на проектот Traces From Past to Preset.

Промовирање пред новите генерации ученици на познатите и значајните личности од секоја земја партнер во проектот, кои оставиле своја трага во историјата на својот народ во национална и универзална смисла преку научни, културолошки и уметнички студии ги засилува и јакне патриотските чувства кај младата популација истовремено влијаејќи врз јакнење на мултикултурата.
Во проектот учествуваа 5 земји партнери: Турција, Северна Македонија, Романија, Украина и Полска што го прави проектот меѓународен и мултикултурен. Вклучени беа 16 наставници, а учениците беа на возраст од 11 до 14 години.
Проектот се реализира со воннаставните активности на предметите: Математика и Физика предводени од наставничката Силвана Крстеска со 9 ученици од IX одделение, Природни науки и Биологија предводени од наставничката Татјана Лошкоска со 7 ученици од VI одделение, Граѓанско образование предводени од наставничката Јованка Анѓелкоска со 7 ученици од VIII одделение.


Секои 15 дена учениците добиваа задачи за различни значајни личности од историјата на различна земја-партнер во проектот. Во октомври учениците изработуваа лого и постер на проектот и меѓусебно се претставуваа на E-Twining порталот. Во првата половина на месец ноември учениците се запознаа со животот и делото на Мустафа Кемал Ататурк, а во втората половина на истиот месец твореа за Мевлана. Во декември првата половина беа реализирани активности со кои се запознаваа со животот и делото на Мајка Тереза како претставник од нашата земја, а втората половина на месец декември се реализираа активности за кралицата Мариа од Романија. Во јануари првата половина беше изучуван животот и делото на полската научничка Мари Кири, а во втората половина на јануари учениците се запознаа со Тарас Шевченко украински поет и сликар. Активностите кои учениците ги изведуваа беа во мешани групи ученици од сите земји членки во проектот, а работеа во различни web2 алатки (Wordart, AnswerGarden, Toonytool, Jigsawpuzzle, Chaterpix, Stroyjumper, Bookcreator, Canva, Mentimeter, Wordwall, Popplet, Lino, Collorilo, Socrative, Pinup, Slido, LearningApps, Piktochart, MJOC2, Photofunia, Gimkit, CramGame). На овој начин учениците истражуваа, креираа, сознаваа и создаваа.

Исто така, учествуваа на неделни online состаноци со менторите каде се споделуваа искуства, задачи, се учеа нови web алтаки. Имаа можност да креираат и да се натпреваруваат со учениците од другите земји. На 26.2.2021 беше одржан завршен состанок за учениците преку ZOOM на кој преку забава и игра креирана во алатката Kahoot го покажаа своето знаење кое го стекнаа низ активностите за време на проектот. Ученичката Анастасија Треноска(VI/1) имаше најмногу бодови и го освои првото место, второто место му припадна на Ангел Крстески (IX/1), а и останатите ученици од нашето училиште имаа бодови кои укажуваат на успешно реализиран проект. На крајот од проектот сите ученици се стекнаа со Сертификат за успешно учество во овој проект. Со надеж дека и овој проект ќе биде оценет со национална и европска ознака за квалитет, својата енергија ја насочуваме во реализација на другите E-Twining проекти кои се во тек на реализација.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK